Функционерите од доверба на Зоран Заев полнат торби со кеш. Ова е сликата на криминогената власт која безобразно се богати на грбот на народот овие три години.
Очекувано лицитираат со суми од милиони евра кога за тоа имаат „пас“ од главата на октоподот, Зоран Заев.
Од ваквите „пасови“, Заев и СДСМ немаат време да се занимаваат со епидемијата.
Здравствениот систем на чело со Зоран Заев и СДСМ крахира. Македонија секојдневно брои огромен број на заразени и мртви од Ковид-19 заради неспособноста на СДСМ.
Поради Заев и Филипче болниците се преполни и во услови кога во целиот регион падна бројот на заболени од корона. Катастрофалниот начин на менаџирањето на кризата од страна на Филипче и Заев донесе и до здравствен и до економски крах.
Заради неодговорноста на СДСМ во изминатите 24 часа Македонија брои огромни 90 новозаболени од Ковид-19 и деветмина починати. СДСМ намерно го намалува бројот на тестирања за привидно да прикаже помал број на заболени но и во таков случај бројот на заболени пак е огромен.
СДСМ не направи ништо конструктивно и докажа дека не само што нема капацитет да се справи со кризата туку со своите лоши одлуки и слаба кадарност дополнително предизвика вложување на состојбата.
СДСМ мора да си замине. ВМРО-ДПМНЕ е различно од СДСМ. Вирусот наречен СДСМ и Зоран Заев ќе биде поразен на претстојните избори. Изборот е помеѓу обновата која ќе ја донесе ВМРО ДПМНЕ и лагите, неспособноста и измамата која ја донесе СДСМ. Македонија не заборава а народот ќе ја направи разликата.