Уметноста на подарувањето е вештина која не ја поседува секој. Понекогаш ни е потребна мала помош за да избереме соодветен подарок за роденден или можеби за вашиот партнер, кој ќе биде полн погодок и ќе предизвика среќа и задоволство.
Иако добро познатата изрека гласи: „Најважна е намерата“, сепак сите, без исклучок, ги сакаат внимателно избраните подароци. Дополнително, ова и не е секогаш идеално решение, со оглед на фактот што најголем дел од партнерите/пријателите одговараат дека не сакаат ништо. За да стигнете до идеалниот подарок, треба вистински да се потрудите.
Најважно е да се забавувате и да уживате во потрагата. Тоа нека биде забавна мисија, наместо нервозно измачување. Ви предлагаме неколку совети и идеи за подарување.
Водете се од едноставни, но ефектни патокази – омилена боја и храна, претпочитаниот музички и филмски жанр или стилот на облекување. Разгледајте ја домашната библиотека, доколку ја поседувате секако.
Книга е подарок кој не може да биде здодевен, а дополнително ако подарите од книгите на Агата Кристи кои се комплексни, детективски приказни водени од различни заплети, каде што загатката е главната особеност на интересот. Нема да погрешите со ниту едно издание од писателката.
Доколку се работи за спортист, кошаркарска или фудбалска топка би биле подарок од соништата. Дрес од омилен играч или тим, како и капа со логото на омилениот клуб се секогаш добар и пријатен начин да се изненади спортскиот фанатик.
Квалитетно и уникатно компјутерско глувче, слушалки за компјутерот или гејмерска тастатура се идеални подароци доколку оној за кој купувате го поминува слободното време пред компјутер.
Доколку се работи за страствен пушач, најдобрата одлука што може да се донесе е целосно да се остават цигарите, но за оние кои не сакаат, има подобри алтернативи. Бидете уникатни и подарете од лимитираната едиција на IQOS 3 DUO Passion Red.
Специјални кригли за пиво, сортно вино, специјален отворач, колекција од специјално одбрани зачини, интересни чашки за текила или пак шејкер за коктели се уште неколку идеални опции за гурманите.
Идеи плус со кои нема да погрешите, а друштвените типови ќе ви бидат благодарни за подарена игра како шах, табла, ризик или сет чипови за покер, со која ќе ги забавуваат пријателите.
Не заборавајте, секогаш подарувајте од срце и со насмевка.