Јапонија ќе ги казнува велосипедистите кои беспотребно ѕвонат

Во Јапонија, како и во многу други земји, сè повеќе луѓе патуваат на работа со велосипед, средство за превоз што стана особено популарно за време на пандемијата.

Сепак, оваа земја воведе строги правила за велосипедистите. Според новите правила, забрането е да се вознемируваат другите луѓе со непотребно користење на велосипедското ѕвонче.

Истото важи и за непотребно сопирање или блокирање на велосипедска патека. Мерките стапуваат на сила на 30 јуни. Велосипедистите стануваат сè почести на улиците на Токио, град кој не е познат по безбедноста велосипедските патеки.

Велосипедистите на возраст над 14 години ќе треба да полагаат курс за сообраќајни прописи доколку ги прекршат правилата двапати во три години. Оние што ќе ја одбијат таа мерка, ќе треба да платат казна во виснина од 50.000 јени (околу 400 евра).

Јапонската агенција Кјодо пишува дека минатата година јапонската полиција документирала повеќе од 26.000 случаи на опасно однесување на велосипедистите, од кои само 328 поминале курс за безбедност во сообраќајот.

Во вкупно 80.000 сообраќајни несреќи во кои биле вклучени велосипедисти, лани загинале 433 лица.

Треба да знаете
Последни објави