Крис Рок тврди дека одбил интервју кај славната водителка Опра Винфри.
Комичарот доби шлаканица од Вил Смит на „Оскарите“ откако кажа шега за сопругата на Вил, а шест месеци подоцна, среде настап во стендап комедија во Феникс, Аризона, тој рекол дека нема намера јавно да се жали за инцидентот.
Човек од публиката изјави за „Ентертејнмент тунајт“: „Во текот на вечерта, тој кажа дека ја одбил понудата да оди кај Опра за интервју, па дури и реклама за „Супербоул“ со самиот Вил Смит.
„Нема да ме видите на ниту едно интервју како цимолам за ова. Јас нема да бидам жртва,“ рекол Крис, како што пренесува изворот и додава дека сите се прашувале дали ќе зборува за тој инцидент или не.
Повеќе луѓе од публиката го цитираа комичарот дека од него било побарано да биде домаќин на „Оскарите“ следната година, но ја отфрлил понудата.
Тој, наводно, истакнал дека му била понудена шанса да направи реклама за „Супербоул“ која тој исто така ја одбил.
Оскаровската шлаканица се случи во март во текот на свечената церемонија на доделување на најпрестижните филмски награди. Вил Смит се качи на сцената и го удри Крис еден час пред да ја земе статуетката за најдобар актер за улогата во „Крал Ричард“.