За запознавање со понудата коалицијата „Можеме” на распологање ќе ги стави сите онлајн и дигитални алатки на располагање, како и засилено присуство на традиционалните медиуми.
За подобра двонасочна комуникација со граѓаните, ќе се органзиираат средби со целни групи, како и мали трибини во контролирани услови и со точно утврден број на присутни, со целосно почитување на мерките и задолженијата од надлежните институции.
Првата мала, здравствено безбедна трибина ќе се одржи утре во Струмица на која ќе учествуваат носителите на изборната единица 4 ,претседателот на СДСМ Зоран Заев и Соња Мираковска.
Во текот на оваа недела централниот караван ќе одржи мали собири, целосно здравствено безбедни трибини и во Охрид (четврток) Велес (петок) Општина Центар (сабота) и Куманово (недела)
Во прилог ви испраќаме целосен распоред на победничкиот караван на коалицијата „Можеме”