Трајчевски: На БЕСА не и следуваат три минути платено политичко рекламирање

Зоран Трајчевски, претседателот на АВМУ за емисијата „Топ тема“ изјави дека на партијата Беса не и следуваат три минути рекламен телевизиски материјал.

„Најголемите забелешки на СДСМ и коалицијата Mожеме беа зошто на партијата Беса не и е дозволено платено политичко рекламирање. Ниту агенцијата, ниту директорот, ниту советот не го сторија тоа. Тоа го оневозможува изборниот законик. Во него, јасно и гласно пишува дека право на платено политичко рекламирање имаат само потврдените кандидатски листи од ДИК. Ако ја отворите веб-страницата на ДИК, потврдена кандидатска листа на Беса нема, туку има само кандидатска листа на коалицијата „Можеме“, изјави Трајчевски.

Треба да знаете
Последни објави