Ова го истакна потпретседателот на СДСМ Коста Петров во дебатната емисија 200 на Алсат телевизија, додавајќи дека Северна Македонија во 2024 година ја чледаме како нова развојна економија, земја која ги штити работните места, креира нови работни места, сите реформи и мерки се фокусирани на граѓанинот, на човечкиот капитал, земја во која младите ќе бидат рамо до рамо со нивите врсници од Европа, дигитална, иновативна држава со правда, ред и дисциплина, еко држава.
Ние за три години станавме членка на НАТО, започнуваме преговори со ЕУ, во наредните четири години ќе продолжиме да работиме на подобар стандард за сите граѓани, за социјално ранливите категории и особено внимание ќе посветиме на коренот на сите проблеми во изминатите 30 години, а тоа е ред, правда и дисциплина, порача Петров.
Најголемата инвестиција на ВМРО-ДПМНЕ е во нивната фабрика за лажни вести, нагласи Петров.