Мел Гибсон нема да ја повтори улогата во долго очекуваното продолжение на Chicken Run на „Нетфликс“, извори блиски до продукцијата изјавија за TheWrap, пренесува „Њујорк пост“.
Одлуката следи откако Винона Рајдер во неделата го обвини Гибсон за антисемитска навреда кон неа за време на холивудска забава во 1995 година, како и реакциите и повиците за негова смена кои веднаш потоа ги преплавија социјалните мрежи.
Во мејл испратен до „Њујорк пост“, добитникот на Оскар за режија, ги негираше тврдењата на Рајдер дека тој ја навредил кога дознал дека е Еврејка.
„Ова е 100% невистина“, напиша Гибсон, тврдејќи дека Рајдер лажела и во колумна за GQ во 2010 година кога таа прв пат го спомнала наводниот инцидент.
Рајдер тврди дека на забава во Холивуд во 1995 година, кога се разговарало на тема еврејски народ, ѕвездата на „Лудиот Макс“ ѝ дофрлил навредлив термин што асоцирал на Евреин кој избегнал палење во нацистички камп на смртта, пишува „Њујорк пост“.