Британски медицински експерти ги предупредуваат политичките партии да се подготват за нови удари од Ковид-19 и дека вториот бран на епидемијата е реален ризик.
– Тешко е да се одредат идните насоки на развојот на епидемијата на новиот коронавирус, но локалната појава на вирусот е показател дека вирусот е меѓу нас и ризикот од втор бран е реален, истакнаа британските медицински експерти.
Британскиот премиер Борис Џонсон вчера најави дека пабовите, рестораните и хотелите може повторно да се отворат од следниот месец.