Раперот Брис (23), чие вистинско име е Кристофер Тедвел, беше убиен од истрели од огнено оружје, пренесува „Метро’. Неговата смрт ја потврди полицијата во Сакраменто, каде што се случи трагичниот настан.
„Мажот добил рана опасна по живот и починал на местото на настанот. Пред пукањето дошло до судир меѓу два автомобила, за кое се верува дека е поврзано со случајот“, рекоа тие.
Брис неодамна објави музичко видео за својата нова песна „Hammi“, а беше познат и по песните „Panhandling“, „Sparked a Fuse“ и „Lightning McQueen“.
„Пред него беше светла иднина. Доста ми е од млади рапери кои умираат”, напиша Клипинг.
Друг коментатор рече дека Брис бил еден од најталентираните рапери во Сакраменто.