Во Албанија поторно работат градскиот и меѓуградскиот јавен превоз

По тримесечен прекин,условен од пандемијата со Ковид-19, од денеска албанските власти дозволија воспоставување на градскиот и меѓуградскиот јавен превоз.

На сите фирми кои обавуваат јавез превоз на патници им е дозволено да работат според безбедносниот протокол, со кои се обврзуваат употреба на капацитет до 70 отсто, како и дијагонално седење на патниците, кои задолжително треба да носат маски.

Исто така нема зголемување на цената на билетите,како што и најави пред неколку дена премиерот Еди Рама, кој рече дека нема да дозволи да се зголеми цената на билетите.

„Но, не сите се согласија да започнат со работа. Меѓуградските автобуси започнаа да сообраќаат денес, но има одбивање од оние од градскиот сообраќај во Тирана,порад несполнување на нивните барања. За разлика од нив оние автобусте од меѓуградскиот превоз денеска, по три месеци, прстигнаа во Тирана, но со многу мал број патници, наведува агенцијата Балкан веб.

Министерката за здравство, Огерта Манастирлиу соопштувајќи ја одлуката за воспоставување на јавниот превоз на патници, вчера предупреди дека нема да има толеранција доколку не се почитуваат протоколите.

Во меѓувреме министерката за инфраструктура и енергетиката, Белинда Балуку вети дека ќе има дополнителен финансиски пакет за овој сектор за ублажување на состојбата предизвикана од пандемијата.

Во Албанија синоќа на полноќ заврши вонредната состојба поради „природна непогода”,која Владата ја прогласи на 24 март и тоа за период од 30 дена,односно до 25 април. По барање на Владата, Парламентот на 23 април одлучи вонредната состојба во земјата да продолжи до 23 јуни.

Треба да знаете
Последни објави