Во Турција започна судењето на седуммина новинари кои се обвинети за наводно оддавање на државни тајни во своите извештаи за погребот на еден претставник на безбедносните служби, кој е ликвидиран во Либија, пренесе АП.
На новинарите од порталот Одатв, на прокурдскиот весник „Јени Јасам“ и десничарскиот дневен весник „Јеницаг“, на товар им се става кршење на националните безбедносни прописи и оддавање тајни информации.