Кетрин Зита-Џонс објави ретка фотографија со сопругот и децата

Познатата актерка Кетрин Зита-Џонс сподели интимна фотографија за Денот на таткото со  која реши да му оддаде почит на нејзиниот сопруг Мајкл Даглас.

 

50-годишната актерка објави стара фотографија на која позира со нивните деца и постариот син на Мајкл од претходниот брак.

„Те сакаме, Мајкл, среќен Ден на таткото, љубов моја“, напиша таа покрај фотографијата.

Мајкл ја држи својата ќерка Керис, која сè уште е во пелени, а сега има 17 години, додека Кетрин седи со синот Дилан во рацете.

Дилан денес има 19 години, а на фотографијата се гледа и синот на Мајкл, Камерон, кој сега има 41 година.

Мајкл и Кетрин се во брак 20 години, а неговиот татко Кирк Даглас почина на 5 февруари 2020 година, па затоа годинашниот Ден на таткото беше тажен за актерот.

Треба да знаете
Последни објави