Глечерот толку се истопил што Нов Зеланд ќе има вода за пиење во следните три години

Глечерот Брестер во Нов Зеланд  толку многу се истопил во изминатите три години што ќе има вода за пиење за целото население во таа држава во следните три години, објави денеска еден од водечките истражувачки институти.

Научниците проценуваат дека Брестер на јужниот остров на Нов Зеланд изгубил 13 милиони кубни метри мраз од 2016 до 2019 година, објави Националниот институт за вода и атмосферски истражувања (NIWA).

Климатологот Ендрју Лори изјави дека јужните Алпи (планинскиот венец на Нов Зеланд) изгубиле 15,9 билиони литри вода за 40 години.

NIWA верува дека ова е количество што ќе ги покрие потребите за вода за пиење на Нов Зеланд за 40 години.

Секоја година, научниците на NIWA ја снимаат ледената покривка на повеќе од 50 глечери на Нов Зеланд кон крајот на летото.

Лори рече дека годинава е пронајдено повеќе снег на глечерите отколку во претходните две, но предупреди дека тоа во никој случај не може да се смета за некаква форма на закрепнување.

Ќе бидат потребни најмалку 20 до 30 години како што беше оваа за да почнеме да размислуваме дали неодамна претрпената штета почнала да се поправа, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави