Фондот за пензиско до утре ќе испрати податоци за исплата на пензиите за јуни до банките

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Северна Македонија, информира дека податоците за исплата на пензиите за месец јуни до сите деловни банки ќе ги испрати најдоцна до утре и препорачува деловните банки преку своите филијали и експозитури да обезбедат готовинска исплата на пензиите за клиентите кои не користат картички во четири групи.

Првата група, како што наведуваат,  која опфаќа исплата на пензија во висина до 11.000 денари, ќе се врши в петок на 26 јуни 2020, втора група е исплата на пензија во висина од 11.001 денар до 14.000 денари и ќе се врши во понеделник, 29 јуни, трета група за исплата на пензија во висина од 14.001 денар до 18.000 денари, во вторник, на  30 јуни и четврта група-исплата на пензија во висина од над 18.001 денар, во среда, на 1 јули.

Треба да знаете
Последни објави