По информациите за обвинението против Хашим Тачи, Кадри Весели и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства, од Брисел порачаа дека ЕУ силно ја поддржува работата на Специјалното обвинителство за Косово.
Портпаролот на ЕУ, Питер Стано за Танјуг изјави дека ЕУ не ги коментира процедурите спроведени од Специјалното обвинителство за Косово, но, исто така, оценува дека Судот е важен показател за определеноста на Косово за спроведување на владеењето на правото.
– Владеењето на правото е клучен елемент за напредокот на Косово на патот кон интеграцијата во ЕУ, како и целокупниот ангажман на ЕУ со Западен Балкан, рече Стано.
Тој додаде дека е важно да се дозволи Специјалното обвинителство за Косово да продолжи со својата работа самостојно и без какво било надворешно влијание