Спасовски на средба со угостители во Куманово: Заштитивме 140.000 работни места, парите ги насочивме кај граѓаните, следува брза трансформација на економијата, можеме!

Носителот на кандидатската листа за пратеници од изборната единица 2, Оливер Спасовски, ја почна кампањата за претстојните парламентарни избори од Куманово каде попладнето имаше средби со граѓани.
На средбата со угостители, носителот на ИЕ 2 зборуваше за мерките што се превземени за поддршка во здравствено-економската криза, како и за мерки од Програмата на СДСМ во делот на економијата.
„Обезбедивме финансиска поддршка за работодавачите погодени од здравствено-економската криза за исплата на плати за април, мај во висина од 14.500 денари по вработен и ја продолживме мерката за јуни, за што во Буџетот за оваа намена се оставени средства во висина од 100 милиони евра. Со тоа заштитивме 140.000 работни места. На сметките се легнати најголем дел од парите од првата кредитна линија, КОВИД 1, во дејностите погодени од кризата: угостители, туризам и транспорт – доделени се според досегашните инфорации по овој основ 5.5 милиони евра. Обезбедивме уште една бескаматна кредитна линија, КОВИД 2, за сите дејности, вклучувајки го и угостителството, станува збор за средства од 7.2 милиони евра. Вкупната парична поддршка што ја обезбедивме преку двете кредитни линии КОВИД 1 и КОВИД 2 е во вредност од 12.67 милиони евра за 1331 микро, мали и средни претпријатија, со што се обезбедува егзистенцијата за 16.632 вработени, само по овој основ. Наменивме и 28 милиони евра за засегнати групи граѓани кои деновиве ги добиваат платежните картички за купување домашни производи или користење услуги во земјава, станува збор за невработени лица и приматели на социјална помош, кои добиваат 9.000 денари, а вработените со ниски примања и младите од 16 до 19 години добиваат финансиска помош од 3.000 денари. Домашна платежна картичка добиваат и здравствените работници, ангажирани во справувањето со корона-кризата, со средства во висина од 40 проценти од последната основна нето плата. Сите тие освен картичката ќе можат да ја користат само за домашни произвиди и услуги, така што очекувајте дека голем дел од овие пари ќе влезат и во угостителството” порача носителот на листата во ИЕ 2, Спасовски.
Тој зборуваше и за мерки од Програмата на СДСМ со коишто се предвидува брза трансформација на економијата, нови бизниси и работни места.
„Претходната власт крадеше од граѓаните и полнеше лични џебови – ние работиме чесно и парите ги насочуваме кон граѓаните, како и што ветивме. Ја извадивме земјата на прав пат и можеме уште повеќе и уште подобро. Треба да продолжиме по правиот пат. Во новиот мандат уште повеќе ќе ги поддржиме домашните фирми, а со членството во НАТО носиме и рекореден број странски инвестиции. Нашата цел е брза трансформација на македонската економија, поддршка на вработувањата, нови вработувања и да ја вратиме економијата на солиден, одржлив раст од 4 проценти до крајот на мандатот. Еден начин како ќе креираме нови работни места  е преку поддршка на домашни и странски инвестиции во износ од 600 милиони евра: 300 милиони евра од домашни средства и дополнителни 300 милиони евра од европските фондови што ни се отвораат. Се грижиме са сите и можеме уште повеќе и уште подобро, затоа ќе продолжиме по правиот пат, рече меѓу другото, носителот на ИЕ 2, Спасовски на средбата со угостители во Куманово.

 

Треба да знаете
Последни објави