Гренел: Тачи го откажа патувањето за Вашингтон

Со нетрпение го очекувам разговорот со претседателот Вучиќ и со премиерот Хоти, изјави специјалниот претставник на Белата куќа, Ричард Гренел, објаснувајќи дека Хашим Тачи го информирал дека нема да дојде во Вашингтон, на средбата што е закажана за сабота, откако против него денеска беше покренато обвинение.

Гренел на Твитер напиша дека Тачи го информирал дека го откажува патувањето, по изјавата на Специјалното обвинителство.

„Ја почитувам одлуката на Тачи да не присуствува на разговорите додека не се решат правните прашања во врска со обвинението”, напиша Гренел на Твитер.

Специјалното обвинителство за Косово денеска покрена обвиненија против Хашим Тачи, Кадри Весели и други осомничени за голем број злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучително и убиства.

Треба да знаете
Последни објави