Трагичната љубов на Мерил Стрип: Се бореше како лавица за него до самиот крај, умирајќи ѝ рече „ добро е

Џон Казале не се памети како голема холивудска sвезда, ниту како еден од најдобрите актери во историјата. А можеше да биде и двете.
Тој во својата кратка кариера глумеше во само пет филмови и од сите пет доби номинација за Оскар за најдобар филм. Три од нив добија оскар. Веројатно најдобро го паметите по улогата на еден од браќата Корлеоне (Фредо Корлеоне) од легендарниот филм „Кум“.
Го паметиме како човек со необичен изглед кој се движеше како успорен филм, како актер кој во себе носеше неизмерна тага и како човек кој засекогаш влијаеше врз животот и глумата на една од најголемите холивудски актерки досега – Мерил Стрип.

„Сè што знам за глума, научив од него. Единствено што сакав некогаш во бизнисот е да работам со него засекогаш“, изјавил Казале за Ал Пачино, кој играше со него во првиот и вториот дел од „Кум“. Тој беше 14 години постар од Мерил, а кога почнале да се забавуваат, тој веќе бил sвезда, а таа била млад талент. Тие на прв поглед се вљубиле еден во друг и иако не биле двојка по која луѓето се вртат од убавина, енергијата која зрачела од нив била единствена.

Но, во мај 1977 година, Џон се разболел. Тие биле заедно во канцеларијата кога докторот им рекол дека боледува од карцином на белите дробови во последната фаза и дека ништо повеќе не би можеле да направат за него. Болеста се ширела низ целото тело.

За момент, двајцата седеле во тишина, како да биле скаменети, а потоа Мерил демонстрирајќи сила, љубов и посветеност пред лекарот го прашала: „Каде ќе одиме на вечера?“

Ова приказна за животот и надежта се раскажува во Холивуд и 40 години подоцна…

 

https://twitter.com/eliza2854/status/931308468459442176

Преземено од zenskimagazin.mk

Треба да знаете
Последни објави