(Видео) Тензиите во Будва продолжуваат со приведување на демонстрантите

Тензиите пред општинската зграда во Будва продолжуваат со приведување на демонстрантите. Сменетиот градоначалник на Будва Марко Царевиќ и првиот човек на Собранието Крсто Радовиќ утрово дошле пред зградата и не им било дозволено да влезат во неа.

Општинската зграда во Будва е затворена и опколена со полиција.

-Барам да ми приложата законски основ со кој ми се забранува да ја извршувам мојата работна задача. Се крши Уставот од страна на полицијата – изјавил Царевиќ кому не му било дозволено да влезе во зградата пренесуваат црногорските медиуми.

Полицијата во меѓувреме од утрово има приведено неколкумина демонстранти. На тие што доаѓаат ги предупредува да не се задржуваат пред зградата. Општината е опколена со кордон полицајци, а има и неколку возила на припадниците кои се задолжени за спроведување на редот и безбедноста.

В.Д претседателката на Собранието за в сабота закажала седница на која треба да се бираат нов градоначалник и прв човек на СО.

Треба да знаете
Последни објави