Властите во Франција ќе понудат бесплатни тестирања за коронавирусот за околу 1,3 милиони граѓани на Париз, со цел да се обидат да ги идентификуваат скриените кластери на асимптоматски случаи.
Во интервју за „Ле Монд”, францускиот министер за здравство Оливие Веран најави проширување на обемот на тестирање во Париз.Тој рече дека надлежните органи ќе испраќаат купони до граѓаните, што ќе можат да ги користат за тестирање за вирусот.
Целта, како што истакна Веран, е да се откријат скриени кластери на асимптоматски случаи на заразени. Министерот додаде дека Франција се подготвува за втор бран на епидемијата – складира лекови и работи на обезбедување услови за лекување на 30.000 пациенти во одделенијата за интензивна нега, доколку е потребно.