Повторно ќе има судење за Драган Павловиќ – Латас и неговите браќа Звездан и Срѓан за случајот „Тревник“, по добиената ослободителна пресуда за предметот на СЈО.
Апелациониот суд Скопје ја укина оваа пресуда по жалба на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, дознава СДК.
Пресудата за случајот со нелегалната изградба на викендички во Зелениково е укината поради суштинска повреда на постапката и поради нецелосно утврдена фактичка состојба.
Во Кривичниот суд одново ќе започне судскиот процес за овој случај.по ослободителната пресуда на 4 јули 2019.