Дирекцијата за заштита и спасување се вклучи во расчистување на последиците од дождовите кои предизвикаа поплавување на реката Поника во Општина Теарце. Од вчера екипа од Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување-Тетово е постојано на терен и во континуитет ја следи и надгледува работата на ангажираната машинерија за расчистување на теренот.