Зидан: Рамос на тренинзите работеше многу слободни удари

Предводникот на шпанскиот фудбалски гигант Реал Мадрид, Зинедин Зидан го пофали капитенот на тимот Серхио Рамос кој синоќа против Мајорка (2:0) постигна убав гол од слободен удар.

– Рамос сакаше да постигне гол од слободен удар. Тој го работеше многу овој елемент на тренинзи. Тој е нашиот водач, нашиот капетан и нè води напред. Треба да се опуштиме и да се подготвиме за следниот натпревар. Игра со четворица напаѓачи? Ние сме тука да пробаме различни опции. Имаме многу играчи, и имаше таква опција. Мислам дека игравме доволно добро. Секогаш има што да се подобри, но задоволен сум од победата, истакна Зидан.

Реал е лидер во шпанското фудбалско првенство и е во „мртва” трка за титулата со Барселона.

Треба да знаете
Последни објави