Албанија ги менува законот за барателите на азил на нејзина територија,со кој одговор на барањето треба да се даде во рок од десет дена.
„Проблематичната состојба создадена во земјата од зголемениот прилив на илегални имигранти, но и нивната вмешаност во низа кривични дела, ги натера властите да направат измени во законот за бегалци.Со новата законска реулатива се предвидува начинот на менаџирање на бранот мигранти,нивното третирање на територијата на Албанија и обезбедувањето азилантски статус,-наведува Ора њуз.
Законот содржи 102 члена,во кои странец или лице без државјанство, заштита може да побара и во некоја од полициските станици, при што треба да ги наведе главните генерали,отпечатоци од прсти и докомент за патување доколку го поседуваат.
Исто така новина е апликацијата да биде направена веднаш штом бегалецот влезе на албанска територија и мора да добие одговор во рок од 10 дена.
Додека очекуваат одговор на барањето тие треба да останат во Центарот за баратели на азил, но друга олеснителна околност е можноста бегалците да престојуваат во изнајмен стан, но на свој трошок. Во оваа ситуација, тие се должни да го пријават местото каде што престојуваат.
Новина е и можноста надлежните во Центарот за азил во Бабру да го ограничат движењето на бегалците доколку постојат сомненија околу нивниот идентитет, ако не ги почитуваат правлата во центарот и како последна мерка е нивно сместување во Центар за странци,од затворен тип, кој се наоѓа во Кареч.
Азил нема да добие лице кое доаѓа од земја која се смета за безбедна.
Полициската статистика потврдува дека во 2017 година, во Албанија барање за азил поднеле 307 лца,следната 4.095, најголем број државјани на Сирија,додека во 2019 година повеќе од 5.000 бегалци и мигранти