Пакистан Интернешнал Ерлајнс ќе приземјат една третина од вкупно 434 пилоти, поради сомневање во поседувањето на „сомнителни“ пилотски дозволи, изјавил денеска портпаролот на компанијата.
Одлуката следи откако истрагата за падот на пакистанскиот авион минатиот месец, при што загинаа 97 луѓе, покажала дека пилотите не ги почитувале процедурите, а владиниот министер рекол дека аудио снимката во кокпилотот наведува на тоа дека пилотите биле попречени од разговорот за коронавирус.
„ Кажано ни е дека со истрагата, која ја спроведе управата за цивилно воздухопловство, откриено е дека околу 150 наши пилоти имаат сомнителни дозволи“ рекол портпаролот Абдула Х. Кан за Ројтерс.
Тој додал дека ќе се приземјат сите пилоти кои се опфатени со истрагата. ПИА во својата флота има 31 авион кои летаат на домашни и меѓународни рути.
Последната несреќа се случи минатиот месец, кога Ербас А320 падна во јужниот дел на Карачи. Преживеаја само две лица.
Истрагата за квалификациите на пилотите, по падот на авионот во 2018 година, кога на дозволата на пилотот било откриено дека го направил тестирањето на датум кога бил празник и кога такви тестирања не се вршеле.
Друг пилот воопшто не бил во земјата на датумот кога му била издадена дозволата за лет.