Мишел: Итно потребен напредок во дијалогот Белград-Приштина

Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, утрово оствари средба со косовскиот премиер, Авдулах Хоти, за кого ова е прва официјална посета на Брисел и ЕУ, јави дописничката на МИА од Брисел.

Рестартирањето на дијалогот за нормализација на односите помеѓу Белград и Приштина бил главна тема на разговор, но ни напредокот на Косово кон ЕУ, од што зависи “кредибилитетот на заложбата” на двете страни.

-Ја истакнав итната потребата за напредокот во Дијалогот помеѓу Белград и Приштина. Неодамнешното назначување на Специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак за Дијалогот го илустрира фокусот на ЕУ кон овој дијалог, чие рестартирање е сега планирано за јули 2020 во Брисел, соопштија од кабинетот на Мишел.

На средбата станало збор и обвинението на хашкиот суд против Хашим Тачи, но ЕУ одбива да коментира освен за да ја истакне потребата процесот да се одвива независно без влијание од надвор. 

Треба да знаете
Последни објави