Двократаниот добитник на „Оскар“ Дензел Вашингтон запре во „Малибу Кантри Март“ во средата за да земе пица за носење од италијанскиот ресторан „Тра ди Нои“.
Малибу Кантри Март е голем трговски центар на отворено – трговски центар со бутици и ресторани – лоциран во срцето на Малибу, Калифорнија, омилено место на холивудските ѕвезди.
65-годишниот актер легенда се заштити со маска за лице, која гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусм, ја направи задолжителна на јавни места од минатиот четврток.
Карантинска гозба: Дензел излегува надвор еден ден пред тој и неговата сопруга Полета да слават 37 години брачно блаженство, што е практично нечуено во Холивуд, пишуваат таблоидите.
Актерската двојка првично се запознала за време на снимање на филмот „Вилма“ во 1977 година. Тие ги обновија своите завети во 1995 година.
„Јас го правам тоа што ми е кажано. Ја држам устата затворена “, се пошегува Дензел во разговор со магазинот „Пипл“ во 2018, прашан за нивната тајна за долг и среќен брак.