Дисциплинската комисија го казни со забрана за настап на три натпревари дефанзивецот на италјанскиот фудбалски калчолигаша Интер, Милан Шкрињар и со еден натпревар нема да го води тимот тренерот Антонио Конте по вчерашниот натпревар со Сасуоло.
Шкрињар беше избркан во дополнителното време, откако доби два жолти картони и според тоа нема да може да учествува во следниот натпревар на неговиот тим. Сепак, острата реакција на дефанзивецот му донесе уште 2 натпревари, како и парична казна од 10.000 евра.
Тренерот на „нероазурите”, Антонио Конте го доби своето петто официјално предупредување и Комисијата донесе одлука дека тој не може да го води својот тим на следниот натпревар против Парма.
Играчот од средниот ред на Сампдорија, Јакуб Јанкто, исто така, ќе го пропушти следниот натпревар на неговиот тим, откако го доби својот петти жолт картон во сезоната на натпреварот против Рома.