Русија со големо внимание ја следи ситуацијата со косовските политичари обвинетии за сторени злосторства

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, денеска изјави дека Кремљ многу внимателно ја следи ситуацијата со обвиненијата против Хашим Тачи и Кадри Весели, затоа што, како што истакна, тие по одлуката за покревање на обвиненијата откажале некои закажани состаноци и посети, пренесе Тасс.

Специјалното обвинителство на Косово вчера издаде обвинение против Хашим Тачи, Кадри Весели и неколкумина други лица за сторени злосторства против човештвото и воени злосторства, вклучувајќи и убиства, присилно исчезнување на лица, прогон и тортура.

Треба да знаете
Последни објави