Во периодот на целата оваа криза ниту една одлука не беше лесна, ниту една ситуација не ни беше позната, цел свет се соочува со нешто што никој не го знае, а ние се боревме со двајца непријатели, едниот е коронавирусот – кој е ужасен непријател, ама вториот е непринципиелна, некооперативна деструктивна опозиција, која на секој чекор наместо да помогне на државата ставаше сопки, истакна носителката на кандидатската листа на коалицијата предводена од СДСМ „Можеме” во изборната единица 5, Радмила Шекеринска во Охрид.
Кога се трудиме да ја почитуваме секоја мерка, бесрамно личи кога зборуваат за опасност, а самите шират ризици, по овие прашања може да се види која каков е, кој носи одлуки за доброто на сите, а кој носи одлуки за сопствен интерес, порача Шекеринска.
Таа нагласи дека за 2,5 години станавме членка на НАТО и никој веќе не се секира за иднината на оваа држава, никој веќе не мисли дека нема да ја биде, некој веќе не стравува за безбедноста и никој ама баш никој не мисли дека сме сами оставени на цедило, денеска сме дел од најмоќните.
Тоа што го загрозија за 11 години,нашата европска иднина, ќе успееме да го надоместиме во наредните четири години, затоа секој оној кој сака да ја види државата не само членка во НАТО, туку и во ЕУ, ова не смее да го загрозиме, порача Шекеринска.