„Кога СДСМ ја презеде власта државата беше на колена, а не свиткана во кичмата, како што ја преставуваат на срамниот изборен спот. 11 години владееше ВМРО ДПМНЕ и ништо не направи, ние за шест месеци успеавме да ја смениме целата слика за државата и целата реалност. Вистински патриотизам е да седиме на масата на НАТО и да преговараме со Европската Унија, а не патриотизмот што го продава ВМРО ДПМНЕ. За три недели имаме избори и ќе видиме што ќе одлучат граѓаните.“- изјави Бојан Маричиќ од СДСМ, инаку владин советник за евроинтеграции во емисијата „Патот кон…“ на телевизија Алсат. Во продолжение на емисијата Маричиќ зборуваше за значењето на Договорот со Бугарија, кој преставува важен документ за државата, но и за нејзините европски аспирации. „Договорот со Бугарија не е алктака на Бугарија за кочење на нашиот напредок, туку е одбрана на нашата држава од барања на другите , вклучително и Бугарија. Некои проблематични статови на Бугарија не се дел од договорот и излегуваат од неговата рамка. ВМРО ДПМНЕ сака да толкува делови од договорот кои всушност ги нема во договорот, како што на пример, македонскиот јазик. Па договорот е потпишан и на македонски јазик и ставен е потпис на таквиот договор од страна на бугарските власти. ВМРО ДПМНЕ стоеше на страна кога преговаравме со Бугарија. Постојат инструменти во догвоорот, има комисија на историчари и таму е местото преку наука да се надминат разликите. Но тоа не значи дека се преговара за јазикот, тоа прашање е затворено со Преспанскиот договор, според кој ние сме Македонци, а јазикот ни е македонски.“- анализираше Маричиќ. Тој дополни дека во сите меѓународни организации е признат македонскиот јазик. „Ние говориме македонски јазик и тоа е решено во сите меѓународни организации, и Бугарија го знае тоа. Низ дијалог ќе ги надминеме другите разлики, но јазикот нема што да го отвораме, тоа е затворено прашање.“- заврши Маричиќ.