Кон: Во вториот пик од коронавирусот на удар младите лица

Епидемиологот Предраг Кон  од Кризниот штаб на Србија во битката со пандемијата од коронавирусот  смета дека зголемениот број на новоинфицирани лице во земјата се последица од таканаречениот втор пик. Оваа зголемена бројка на новозаразени Кон не сака да ја нарече втор бран, бидејќи смета дека земјата не е излезена уште ниту од првиот.

-Ние практично не сме излегле никогаш од првиот бран. Ова е втор пик. Не е важно како ќе го крстиме, дали бран или пик. Најважно е што нивото на активност на вирусот нема да биде како на почетокот од пандемијата. Во овој пик најмногу страдаат млади луѓе кои се родени во 80-те и 90-те години. Тоа е популацијата која најмногу има контакти во овие денови после првиот налет на вирусот – предупредува Кон.

Според Кон пред нас е втор период на борба и две опции да се истрае до крајот, а по здравјето на граѓаните да има незначителни последици.

-Или ќе завршиме со создавањето на колективен имунитет во период од неколку години или тоа ќе го направиме со вакцина. Според истражувањата во Европа нивото на колективниот имунитет во оваа борба е под десет одсто, што е недоволно да се добие оваа битка. Но, подобро е да се има барем некој имунитет отколку да се нема ништо – вели Кон.

Според Кон вирусот се покажал како недопирлив и дека за него многу малку се знае.

Треба да знаете
Последни објави