Во Србија 15 одсто од средношколците пробале дрога

Во Србија 15% од средношколците во прва година пробале дрога, се вели во податоците објавени денеска по повод одбележувањето на Светскиот ден против меѓународната дрога. Употребата на дрога во текот на животот е почеста кај младите луѓе кои живеат во градовите отколку во селата, според истражувањето на Институтот за јавно здравје „Батут“.

Младите најчесто користат марихуана, потоа екстази, амфетамини, ЛСД, но и други халуциногени средства, крек, кокаин, хероин. Секој десетти средношколец во прва година користел нелегална дрога, а тоа да не е марихуана или хашиш.

Клиничкиот токсиколог Томислав Режиќ вели дека во таа установа се згрижени пациенти постари од 14 години и дека децата под 14-годишна возраст се згрижени во детските здравствени установи.

Тој вели дека во првите шест месеци двајца малолетнички биле згрижени поради консумирање амфетамин, двајца поради кокаин и малку повеќе поради марихуана.

Треба да знаете
Последни објави