„Еко герила“: Градење без стандарди на хидроцентралите предизвикува поплави во Полог

Неодамнешните поплави во селата од Полошкиот регион (Доброште, Теарце и сл.) не се резултат на дождови кои никогаш не биле отсутни во овој регион, туку се резултат на изградба на хидроцентралите во регионот, велат од Здружението за заштита на животната средина „Еко герила“.

„Штетата направена на околината за да се отворат патиштата каде што се изградени овие хидроцентрали е создавање можност за вакво поплавување. Сечење на дрвјата, копањето на земјата, пренасочувањето на речните корита, но и воведувањето на речните води во цевките за финансиска корист на некои луѓе блиски до централната и локалната власт, создаваат лизгање на земјиштето и поплави“, велат актвистите.

Од „Еко герила“ велат дека повеќе пати ги предупредувале надлежните веднаш да престанат со изградбата на овие хидроцентрали со образложение дека ја уништуваат животната средина и екосистемот, но тие се правеле глуви кон потребите на граѓаните и се подготвени да им служат на интересите на нивните деловни партнери.

„Следната влада треба да ги разгледа решенијата и концесиите дадени за изградба на хидроцентрали и да побара од обвинителството да ги испита сите што се согласиле на локацијата, дозволите за користење на водата и дозволите за изградба на овие хидроцентрали, со тоа што физички лица и правните субјекти да сносат кривична одговорност за предизвиканата штета“, велат од „Еко герила“.

Здружението ги повикува жителите од околните области да ја отворат оваа тема на состаноци со партиите.

Треба да знаете
Последни објави