Разрешен директорот на Центарот за јавно здравје, Арбен Зибери

Министерството за здравство информира дека е разрешен ВД Директорот на Центарот за јавно здравје Скопје, д-р. Арбен Зибери.

Според министерството, Зибери е разрешен заради пласирање на неточни изјави во јавноста со што директно наштети на угледот на членовите на Комисијата за заразни болести, доведувајќи го во прашање кредибилитетот на здравствените институции во борбата со коронавирусот.

Министерството информира дека д-р. Александар Стојанов, епидемиолог од Центарот за јавно здравје е назначен за нов ВД директор на Центарот.

Според Зибери, причината за неговата смена не е неговиот Фејсбук статус,  туку што чичко му Насер Зибери е кандидат за премиер Албанец, а не тоа што напишал дека границите се отвараат без тестови и без карантин.

И за ДУИ, која остро го осудува постапувањето, смената е пресметана дневнa политичка цел, одмазда во функција на Парламентарните избори и на министерот Филипче.

Филипче, пак, рече дека никој не смее политички да поентира на едно сензитивно прашање и ги отфрли наводите од директорот дека разрешувањето било со политичка позадина и се случило во моменти кога неговиот чичко е кандидат за прв премиер Албанец.

Треба да знаете
Последни објави