Заев: Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ, СДСМ носи сојузници, ВМРО-ДПМНЕ носи обнова на изолацијата

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ

По цела деценија стагнирање, денес Северна Македонија е 30 земја членка на НАТО и имаме одлука со која наскоро започнуваме преговори за членство во ЕУ. Членството во НАТО значи дека нашите граници се трајно обезбедени, нашата безбедност е загарантирана. Тоа значи и нови инвестиции, нови работни места и повисоки плати за сите. Тоа е пристап на пазар од 4 милијарди евра годишно, пазар за нашите, домашни компании.
Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Членството во НАТО е влезница за ЕУ. Оваа година целосно заслужено почнуваме преговори со унијата. Подготвени сме, знаеме и можеме, со новата Влада предводена од СДСМ до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ.
Тоа значи и отворање на нови европски фондови од кои во следните години обезбедуваме 2,5 милијарди евра. Тоа се повеќе пари за справување со коронакризата, повеќе пари за новата македонска економија,  пари кои ќе се користат за зелена агенда, за капитални инвестиции, за земјоделство, за канализации, патишта и водоводи.

Тоа се европски пари за европски стандарди дома, во нашата татковина. Во изминатите три години покажавме дека со СДСМ,  ЕУ и НАТО станаа реалност. Од другата страна, со ВМРО-ДПМНЕ возможна е само обнова на режимот. Добро знаеме дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски немаа став за ниту едно прашање, важно за државата и граѓаните, дека бегаа од одговорност и постојано блокираа и кочеа. Мицкоски не собра храбрости ниту да даде аплауз на денот на ратификацијата на НАТО членството во македонското собрание. И ден денес тие се закануваат дека ќе ја вратат државата чекор назад, назад во изолација, дека ќе го вратат назад режимот.
На 15 јули ќе ја потврдиме разликата. Од едната страна е членството во НАТО, од другата страна е белата барокна палата. Од едната страна се Брисел и преговорите со ЕУ, од другата страна се Хунзите, Белизе и Субрата Роj. СДСМ нуди кадри кои земјата ја однесоа на прав пат, ВМРО-ДПМНЕ ги нуди луѓето на Груевски.
СДСМ носи сојузници, ВМРО-ДПМНЕ нуди конфликт. Со СДСМ е сигурно. Со ВМРО-ДПМНЕ е опасно!
Треба да знаете
Последни објави