Во посета на Штип денеска беше носителот на изборната единица 3, Игор Јанушев каде кажа дека луѓето се уморни од сите сивила што ги донесе СДСМ и се подготвени за промена и потенцираше дека граѓаните добро ја препознаат понудата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“.
„Она што го гледаме огромната поддршка од народот која што ја добиваме во пресрет на изборите . Луѓето едноставно се уморни доста и е од сите сивила од сите мочуришта во кој што не внесоа СДСМ и Зоран Заев. Она што исто така можев да го видам од разговорот на луѓето е дека веќе ги препознаваат понудата и проектите која што ја имаме дадено кон нив. Имавме интересни разговори пред се во однос на земјоделието. едноставно граѓаните се желни за примени бидејќи знаат дека само со ВМРО-ДПМНЕ државата може да оди напред“, истакна Јанушев.
Јанушев како носител на изборната единица 3 на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека ветувањата дадени пред земјоделците ќе бидат исполнети и дека земјоделците се ставени во фокусот на програмата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За Обнова за Македонија“.
„Она што ние го ветивме пред земјоделците е континуирано најмалку 100 милиони евра субвенции поддршка за нив но и многу други проекти кои што ќе овозможат пред се подобро искористување на ИПАРД фондовите, но исто така помош при маркетингот на нивните производи. Но она што е најбитно и она што е најкруцијално за сите земјоделци е впрочем навремената исплата на субвенциите а тоа ние како ВМРО ДПМНЕ го ветуваме и тоа за нас ќе биде завет, тоа за нас ќе биде аманет за да можеме да го направиме во следниот 4 годишен период“, рече Јанушев.
Дополнително Јанушев додаде дека планирано е завршување на сите проекти воедно и инфраструктурни како патишта и слично кои беа запоставени од СДСМ. Носителот на изборна единица 3, Јанушев дополни дека во фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде секој граѓанин без исклучок.
„Но она исто така што е многу битно е за градот Штип поврзувањето и конечно завршувањето на експресните односно патиштата кои што го поврзуваат Штип, дали е тоа со Кочани дали е тоа со останатите градови кои што во целиот овој период и повеќе години буквално ништо не направија“, истакна Јанушев.
„Знаете дека е таква ситуацијата и со Клиничката болница. Овде сме ќе бидеме со граѓаните бевме во целиот овој период од 2 ипол – 3 години со граѓаните и понатака ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за доброто на сите. Буквално битен ни е секој еден човек. И во следните 4 години ќе се потрудиме ниту еден човек да не биде заборавен и буквално секој еден граѓанин да биде приоритет“, нагласи Јанушев.