Ливерпул е шампион во англиската Премиер лига по 30 години. Последен пат тоа го направи пред три децении под водство на легендарниот Кени Даглиш, а сега тоа му успеа на Јирген Клоп.
Предноста која во текот на сезоната констатнтно ја зголемуваше во трката со Манчестер сити теоретски ја претоври во титула по поразот на актуелниот бранител на трофејот во дербито со Челзи на седум кола пред крајот.
Славеше Ливерпул и неговите навивачи, а во емисија во живо по натпреварот кој им ја донесе титула на „црвените“ се вклучи и Даглиш кој не можеше да ги сокрие солзите радосници.
Даглиш се појави со шал од Ливерпул. Новинарот го запраша дали кога ја освоиле титулата некој воопшто помислил дека клубот толку долго ќе чека на нова титула.
-Ако тоа го кажевте во тоа време ќе ве уапсеа. Откако дојде Јирген работите тргнаа на подобро. Ги цени и почитува сите кои работат во клубот. Не е чудо тоа што лани за еден бод не беа шампиони, а оваа година беа толку доминантни и загубија само еден натпревари и ремизираа на два. Го освоија Светското клупско првенство и Лигата на шампионите. Ни следат уште среќни денови, изјави Даглиш.
"Onwards and upwards, I think they've got a lot more happy days to look forward to!"
Kenny Dalglish has nothing but praise on Jurgen Klopp for finally bringing the league title back to Liverpool
As the congratulations fly in for King Kenny! 📲😅 pic.twitter.com/9nQ1fLKR9I
— Football on BT Sport (@btsportfootball) June 25, 2020