Поранешниот македонски репрезентативец, Агим Ибраими од денес повеќе не е дел од екипата на Шкендија, информација што вечерва ја објави клубот од Тетово.
-Агим Ибраими повеќе не е дел од „црвено-црните“ откако соработката е прекината со меѓусебна согласност.Во оваа прилика, Шкендија му се заблагодарува на Агим Ибраими за неговиот придонес во периодот кога беше дел од Црвено-црните, посакувајќи му се најдобро во иднина, се вели во соопштението од клубот.
Во клупската кариера Ибраими играше уште за Ред Бул Салцбург, Олимпија Љубљана, Ескишехирспор, Нафта Лендава, Марибор, Каљари, Астана и Домжале. За најдобрата македонска репрезентација има 39 одиграни натпревари и седум голови.