НАСА го одложи првото пробно лансирање на својата најмоќна ракета досега, што беше планирано за денеска. Иако временските услови во Флорида беа поволни, одлуката за одложување беше донесена поради технички проблем, односно истекување на горивото за време на финалните подготовки за полетувањето.
Инженерите не успеале да ја санираат пукнатина во тампонот што ги поврзува резервоарите за течен водород и течен кислород. Тие претходно го санирале дефектот кој предизвикал истекување на водород.
„Денеска нема да има лансирање. Причината за тоа е крвавењето на моторот што не може да се поправи“, соопшти НАСА.
Следниот обид за лансирање би требало да биде в петок, а третиот термин е 5 септември.
Спејс лаунч систем (СЛС) е најмоќното и најсложено летало дизајнирано од НАСА, што ќе биде основа на проектот „Артемис“, кој има за цел да ги врати луѓето на површината на Месечината по повеќе од 50 години пауза. Новите мисии на Месечината треба да почнат најрано во 2025.
Задачата на 100 метри долгата ракета е да ја однесе тест-капсулата „орион“ далеку од Земјата. Ова вселенско летало, во кое место астронаути ќе бидат три кукли опремени со сензори, ќе кружи околу Месечината, пред да се врати на Земјата за шест недели, кога треба да падне во Тихиот Океан.
СЛС досега ја чинеше НАСА најмалку 37 милијарди долари.