Легендата на српскиот фудбал, Илија Петковиќ почина од Ковид

Денеска во Белград на 74 годишна возраст почина легендарниот Илија Петковиќ. 

Петковиќ почина во болница во Белград, откако неколку дена бил на респиратор. Додека бил сам во својот дом му пукнал чирот на дванаестпалачното црево поради што изгубил голема количина на крв. Во болницата било утврдено дека бил позитивен и на коронавирус.

Тој беше еден од најдобрите фудбалери во историјата на регионот, најголемиот дел од играчката кариера го помина во ОФК Београд, играше три години и за Троја. Петковиќ имаше и богата тренерска кариера, имаше ангажмани во Кина и во арапските држави. Беше селектор на Југославија, но и на Србија и Црна Гора. Последен ангажман му беше селектор на младата репрезентација на Србија.

Треба да знаете
Последни објави