Шестгодишно девојче од Охајо успеало да побегне од рацете на киднапер, кој се обидел да ја грабне пред нејзината куќа.
Дерик Мекферсон (33) наводно грабнал шестгодишно девојче додека носело ѓубре во корпа пред нејзиниот дом во Хамилтон во средата.
На снимката снимена од Ринг Дорбел се гледа како маж се приближува до малата Кенада Неш пред да ја фати за рака и да се обиде да ја одвлече.
Девојчето почнало да вреска, пренесува Fox news.
Таа избегала од неговите раџце и веднаш втрчала во куќата, раскажувајќи им на родителите што се случило.
– Ме фати и ме повлече. Ме пушти да си одам затоа што врескав, изјави девојчето за „Добро утро Америка“ на АБЦ.
Таткото на девојчето, Рики Неш, веднаш влегол во автомобилот и го следел осомничениот.
Кога тргнал по него, повикал полиција, која набрзо го уапсила киднаперот. Мекферсон бил обвинет за киднапирање и тежок сексуален напад.
Тој моментално е во притвор и наскоро треба да се појави на суд.