Кандидатот за пратеник во Изборната единица 1, доктор Синиша Стојаноски, денеска пред ТЦ, Бисер во Аеродром порача дека само луѓе коишто се чесни, работливи и немаат хипотеки можат да ја вратат довербата на граѓаните во институциите.
-Суштината и целта на програмската определба на ВМРО-ДПМНЕ е да се врати довербата на граѓаните во институциите во сите три нивоа на власта, и во извршната, законодавната и во судската власт, рече Стојаноски.
Д-р Стојаноски смета дека време е да почнат да функционираат институциите и да профункционира правната држава.
-Како граѓанин должност ми е да кажам дека органите за јавниот ред и мир треба да се грижат за безбедноста, но и за здравјето на граѓаните, и во тек на предизборната кампања и за самиот ден на изборите.