Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ го осуети планот на Заев кој зема 300 000 евра за да го даде ШИК Јелак на Дака

Интегрален текст од изјава за медиуми на Александар Велјановски, кандидат за пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 6

Три години сме сведоци на организираниот материјал и антимакедонската политика предводена од СДСМ на чело со Зоран Заев. Вчера граѓаните на Република Македонија имаа можност да слушнат аудио снимка за уште едно од низата организирани криминални дејствија во која се споменуваат звучни имиња од власта.

Нова организирана криминална зделка во која учествуваат старите познати актери Зоран Милески-Кичеец, Драги Рашковски и главата на криминалниот октопод, Зоран Заев. На аудио снимката се слуша дека бизнисмен исплатил 300 000 евра на генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски за да го добие просторот на шумарско-индустрискиот комбинат „ ШИК Јелак“ кој се простира  на неколку илјади квадратни метри во непосредна близина на центарот на Тетово.

Сомнеж дека Владата е инволвирана во ова организирана криминална зделка е фактот дека на 115 седница на Влада одржана на 15.01.2019 година како 120 точка била разгледувана информација за имотот под стечајна постапка од должникот ШИК Јелак АД Тетово. Владата ја усвоила информацијата и донела одлука за давање на согласност преку нотар да се понуди дел од деловниот простор на другите сопственици.

Намерата на власта за криминална распродажба на имотот на Република Македонија беше осуетена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Тетово. Ние на седницата на Советот прашавме чии бизнис интереси се штитат со носење на детален урбанистички план  во услови на вонредна состојба.

Почитувани граѓани,

Распродажбата која Зоран Заев ја започна со името, јазикот, идентитетот и историјата завршува со распродажба на имотот на Република Македонија само заради лични интереси и богатење преку грбот на граѓаните.

На оваа тотална распродажба на минатото, сегашноста и иднината на Република Македонија мора да и се стави крај, а крајот ќе дојде на 15 јули. Ги повикуваме истражните органи да започнат истрага за овој меѓународен мега скандал. Драги сограѓани, обновата доаѓа.

Треба да знаете
Последни објави