Црна Гора запиша уште 17 новоинфицирани лица од коронавирусот

По направениот пресек вчера во 18 часот на сработените тестови од 243 лица во лабораторијата на Центарот за јавно здравје во Црна Гора, запишани 17 новоинфцирани од коронавирусот. Еден случај им е „увезен“ од БиХ, а шест се од лица кои имале претходно контакти во заразени од овој вирус, додека за десетте други сеуште се трага по изворот на заразата.

Станува збор за инфицирани лица од Подгорица 9, од Плевње 4, Тиват 2 и по 1 од Херцег Нови и Рожај.

Во Црна Гора која прогласи крај на пандамијата од коронавирусот, до средината на јуни има регистрирано 174. Забележани се само два смртни случаји, а моментално активни се 172.

Треба да знаете
Последни објави