Мисајловски од Ѓорче Петров: Да имаме 20% зголемени пензии, да има поголеми плати, многу млади луѓе да се вработат, тоа е обновата

Гледам пред некој ден, имаат некој спот дека изградиле клинички центар во Ѓорче Петров. Дали вие го видовте? Не! Дали ги водивте оние 230 километри автопати? НЕ. Да не си поигруваат со нашата интелегенција. Размислете однапред!

Ова го порача носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Владо Мисајловски, пред своите сограѓани во Ѓорче Петров.

-Претходните избори ветуваа, кажуваа дека не постои човек кој што ќе смени име, дека не постои човек кој ќе го смени нашето национално достоинство. Ве гледам сите тука и ви се обраќам: Овие луѓе тука тоа никогаш нема да го направат. Бидете горди, но запамтете дека после 15-ти јули нема промени. Одберете сега. Дали сакате обнова со Христијан Мицкоски, со сите нас или да продолжи Зоран Заев со ова што го правеше изминативе три години. Вие многу пати ќе слушнете на телевизија, колку сега тој ја сакал Македонија, колку неговите пријатели од власта ја сакале Македонија. Гледате и други партии излегуваат со националистички тврди ставови. Јас нема да ги коментирам нив. Јас ќе го коментирам тоа што нас не’ засега. Тоа е да си го сочуваме Ѓорче Петров, да си го сочуваме македонизмот во секој еден од нас бидејќи ова е патриотско Ѓорче, овде постојат емоции, овде постои нешто што е свето. Тоа никој не смее да ни го одземе. Ние се обврзуваме и јавно говориме дека нема да ги разочараме. Јас знам дека Христијан Мицкоски ќе ги слушне сите ваши проблеми, им се обрати Мисајловски на жителите на Ѓорче Петров.

-Дали сакате да имаме подобра иднина и нашите деца да останеме тука во Македонија во Ѓорче Петров или да имаме свиткана кичма дали треба Гоце Делчев да биде Бугарин, дали треба македонскиот јазик некој да го прекрсти. Дали треба некој повторно да си игра со овие прашања. Се надевам на разум кај сите партии. Независно кој од која партија е ние на сите ќе помогнеме. Нема да ги двоиме луѓето на наши и ваши, имаме заеднички проблеми. Но сите што погрешиле ќе си одговараат. Правда мора да има за секој. Јас сум од Ѓорче Петров, од нашето и вашето Ѓорче Петров, од Република Македонија. Така ќе остане. Ние не мразиме никој и ќе помогнеме на сите ние сме различни од нив, нагласи Мисајловски.

„Да победиме, да победи Република Македонија. Да победи Обновата. Да имаме 20 % зголемени пензии, да има поголеми плати, многу млади луѓе да се вработат. Тоа е Обновата, да шириме позитивна енергија. Јас чувствувам обврска кон секој од вас и по изборите ви ветувам ќе останам тука за вас”, им порача Владо Мисајловски на гласачите од Ѓорче Петров.

 

Треба да знаете
Последни објави