Мислам дека предноста треба да се стекне врз основа на програмата. Ние не сме Зоран Заев ниту сме објавувале ниту ќе објавуваме прислушувани материјали, да ја потсетам македонската јавност дека Зоран Заев дојде на власт пуштајќи прислушувани материјали каде што се говореше за тоа каква боја на плочки треба да се стави во некој стан, тотално ирелевантни теми, но успеа да се случи тоа што се случи. Но, во меѓувреме очигледно многу луѓе почнале да снимаат и да му ги снимаат криминалите и затоа како вели народот, на кој начин си дошол, на истиот ќе си заминеш, со снимки дојде, со снимки ќе си замине, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборната единица 4, Александар Николоски, во вклучување во вестите на ТВ Сител.
Николоски истакна дека програмата Проект за Обнова е најобемна програма која нуди над 1000 проекти за решавање на проблемите на граѓаните како за четвртата изборна единица, така и за цела Македонија.
– Ние сакаме да се фокусираме на нашата програма која што е најобемна до сега има преку 1000 проекти кои што нудат решенија за цела Македонија и секако за четвртата изборна единица. Јас сум убеден дека во четвртата изборна единица каде што тој глуми голем локал патриот ќе го победам токму дома затоа што најнезадоволни се луѓето токму во четвртата изборна единица, бидејќи нема реализирано ниту еден голем инфраструктурен проект, во земјоделието ситуацијата е катастрофална, најниски цени на откуп имам година затоа што зелената мафија која што е во соработка со него, го цица трудот и маката на земјоделците. Затоа сум убеден во една голема победа во четвртата изборна единица како и во целата држава – вели тој.
Како три најстратешки проекти Николоски ги нагласи изградбата на автопатот од Велес до Прилеп, и од Прилеп до Битола, и од Битола до грчката граница, поврзување на Струмица автопатски со Скопје, како и проектите во делот на земјоделството, односно како што рече тој горди земјоделци, а не понижени како што се сега.
– Изградба на автопат која што ќе оди од Велес до Прилеп, и од Прилеп до Битола, и од Битола до грчката граница. Стратешки битен проект за отворање на Централна и западна Македонија, отворање на Пелагонискиот регион, таму се произведува околу 30 процени од бруто домашниот производ, но досега инфраструктурно целосно е запоставен. Ова е стратешки битен проект и проект битен за Македонија. Да ги потсетам гледачите во претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ почна да се реализира потегот од Градско до Прилеп откако дојде Зоран Заев на влас ги избрка оние кои што го изведуваа затоа што им наложуваше кој да им бидат подизведувачи таму и почна да им мириса на криминал работата, луѓето заминаа и сега патот остана таков неизграден, запуштен и она што се направило му го јаде забот на времето за жал мораа и Прилеп, и Могила и Новаци и Битола да го качуваат се уште Плетвар, тоа е прв голем стратешки проект. Втор голем стратешки проект е поврзување на Струмица автопатски со Скопје. Во моментот имаме автопат од Скопје до Штип, кој што исто така го изгради ВМРО-ДПМНЕ, а СДСМ две години не можеше бела трака да нацрта за да го пушти во функција. Требаше истиот да продолжи со експресен пат од Штип до Радовиш прва фаза, втора фаза од Радовиш до Струмица и понатаму поврзување на Струмица со Ново Село и бугарска граница. Ништо не се работи овие три години, два камиони вртат нешто, глумат дека работата но суштински нема ништо. Тоа е она што е нашето големо ветување. Значи отворање на две артерии во четвртатата изборна единица, едната кон Централна Македонија и Западна Македониј, втората кон Источна Македонија. Артерии кои што треба да го отворат стопанството за најмалку две пристаништа, за Солунското и Драчкото, а да отворат пазари и на многу повеќе места со што силно ќе се развие индустријата но и земјоделието – рече Николоски.
Трета работа, додаде тој, горди земјоделци, а не понижени како што се сега.
– Ние не смееме да дозволиме кило крставици да е 5 денари. За човек да заработи 100 евра, што веќе во Македонија и не се некои големи пари, треба да продаде 1200 килограми крставици. 1200 килограми само да ги крене човек се многу, а камоли да ги работи и да ги продава. Кромидот е паднат некаде на 5 до 7 денари доколку има некој да го купи, за житото велат луѓето дека ќе б иде 7 денари за кило само да се плати жнеење и работа е некаде околу 8 денари. Има неизвесност за грозјето, понатаму во текот на годината замрзна кајсијата и праската, а не беа луѓето обештетени за таа работа, а најболна тема е тутунот каде што зелената мафија во соработка со власта успеа да си излобира минатата година да се усвои закон во македонското собрание со кој што се дозволи да се увезува тутунот во Македонија пред да се откупи домашниот. Нашето основно ветување е тука дека ќе го укинеме овој закон и дека кило тутун нема да смее да се увези во Македонија пред да се откупи домашниот, за да не им се спушта класата на домашниот, ниту да им се намалува цената, а во останатиот дел правична цена и загарантиран откуп преку еден голем фонд од околу 2000 милиони евра револвинг обновливи бескаматни кредити кои што ќе се даваат на мали и средни претпријатија кои што ќе вршат откуп за да им се зададе сериозен удар на зелената мафија – изјави Николоски.
На прашањето што ќе реализирате во првите 100 дена од владата на ВМРО-ДПМНЕ, Николоски рече дека до македонското собрание ќе предложат укинување на законот за увоз на тутун, како и испитување на потеклото на имотот на политичарите и носителите на јавни функции во изминатите 30 години.
– Во првите 100 дена ќе направиме многу. Сакам да кажам на земјоделците дека прв закон кој што владата во делот на земјоделието ќе го предложи до македонското собрание ќе биде законот за укинување на увоз на тутун. Еден од првите закони кои што ќе го предложиме исто така ќе биде законот за испитување на потекло на капитал на сите политичари и јавни личности кои што биле на функција во изминатите 30 години. Николоски го повика Заев по четврти пат да излезе пред македонската јавност дали може да го докаже своето богатство и богатството на своето семејство, односно како што рече тој во изминатите 18 години колку што тој вкупно е на функција како пратеник, градоначалник и премиер стана најбогато семејство на Балканот. Јас четири дена го повикувам Зоран Заев, а ќе ми дозволите еве и тука да излезе и да каже дали може да го докаже потеклото на сопствениот капитал и богатство и капиталот и богатството на неговото семејство кое што во изминатите 18 години колку што тој вкупно е на функција како пратеник, градоначалник и премиер стана најбогато семејство на Балканот. Четврти ден го повикувам да излезе да каже дали може да го докаже капиталот – рече тој.
Николоски порача дека без разлика дали Заев можел или не можел да го докаже својот имот, законот ќе биде донесен и цела македонска јавност ќе знаат кој работел чесно а кој на криминален начин.
– Можел или не можел, овој закон ќе се усвои па на сите ќе им биде испитан за да знаат граѓаните кој работел чесно а кој работел на криминален начин – порача Николоски.