Шекеринска: Зоран Заев е политичарот во Македонија кој ја има највисоката доверба и кај Македонците и кај Албанците

Знаете како, кога ќе има кажете што им нудите на граѓаните на ИЕ5, и кога единствената понуда ќе ја имате дека премиер ќе биде некој кој ДУИ ќе го избере, мислам дека тоа е нечесно кон граѓаните на ИЕ5.
Јас ќе се согласам дека ВМРО-ДПМНЕ ги организираше протестите и се обиде да не убие, заради тоа што не сакаат да ја предадат власта. Меѓутоа ние бевме таму и сите гласавме за Талат да биде претседател на Собранието, и тоа беше поводот за да се обидат да не убијат.
Тоа што го покажавме, тоа покажува многу повеќе од зборовите што јас денеска ќе ви ги кажам, дека имаме шанса да ги гледаме луѓето во ова држава најпосле како личности а не како (беџови) вие видовте дека ДУИ практично имаше проблем дека пред овие избори треба да најде тема, и ова им беше резултат на тоа дека бараат тема, а кандидатот го бараа неколку пати бидејќи очигледно неколку мина им одбија.
Не верувам, и не веруваме дека граѓаните сакаат премиери кои што ќе бидат (отруирани) од партија една, тука сакаат тие луѓе да ги видат претходно, тие луѓе да ги чујат и претходно.
Јас ќе ви кажам, Зоран Заев е политичарот во Северна Македонија кој ја има највисоката доверба и кај Македонците, и кај Албанците и кај сите други етнички заедници.
Ако веќе зборуваме за етничката поддршка, тогаш ние од денеска би требало сите со консензус да го поддржиме. Ама тоа не се одлучува на партиски ниту на дебатни емисии, се одлучува на денот на изборите и после изборите

 

 

Треба да знаете
Последни објави