Носителот на листа на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ 2, Владо Мисајловски вечерва се пред Кумановчани вети дека ќе разговара за сите проблеми што ги тиштат, за урбаниот хаос што се случува, за скараната централен и локална власт, кој поголем шериф да биде во градот.
-За нас се не важни. Имаме разлика, го имаме Христијан Мицкоски и го имаме Зоран Заев. Кого да одбереме, човек кога дојде пред 30 месеци на првото место во партијата се трудеше од кал максимално да ја крене партијата на нозе. Свртете се и видете. Во секој град преполно народ, позитивна енергија и за две недели победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за обнова на Македонија, порача Мисајловски.
-Сите кумановчани сакаат да останат тука. Сите сакаат да имаат подобар живот тука во Куманово. Сакаат да покажат дека можат повеќе. Со децении власта во Куманово е на СДСМ, јас ве прашувам јавно каде ги видовте последниве 3 години тие 230 км автопатишта што ги изградија. Дали ги има тука во Куманово. Дали го има клиничкиот центар што го ветија гледам спотови прават за него. Нема ништо лаги и манипулации. Сакам да ја говорам вистината, а вистината е дека овие три години се посветија на само едно прашање, само како да се смени името. Како да се создаде немир и омраза меѓу граѓаните, а сите останати во власта поготово и техничкиот премиер гледаа само како да се збогатат, ништо повеќе. Куманово заслужува повеќе Куманово има чесни луѓе доби луѓе и така мора да биде така и да остане, истакна Мисајловски од Куманово.
Мисајловски предупреди дека после 15-ти јули може да биде касно. „И на претходните избори велевме дека Зоран Заев е нечесен и она што го кажува е измама. Сега он вели многу убави работи да ги чуете, но ќе бидете измамени. Немојте по втор пат да ве измамат. Вие во Куманово треба први да кажете дека е доста. Ова е најголем град во Македонија. Град кој заслужува најмногу, кој треба да биде еден од најубавите урбани центри, јас ве уверувам дека Христијан Мицкоски и овој тим ќе донесат многу за Куманово. Ќе донесе Обнова. Јас лично ви ветувам дека ќе бидам тука независно од функциите тие се менливи најважно да останеме луѓе. Во новата влада ќе има многу луѓе од Куманово што ќе ја водат власта. Христијан Мицкоски е лојален на Македонија. Од другата страна го имате техничкиот премиер и Зоран Заев кој ништо немаат направено за Куманово. Но одликата е ваша. Вие ќе изберете. Дали сакате Куманово да биде просперитетен град или да остане во овие црнила во кои е долги години. Знам дека сакате да го видите вашето дете тука во Куманово”.
-На овој 15-ти јули да гласаме за Македонија бидејќи друга резервна земја ние немаме, порача Владо Мисајловски.
-Додека некој смислуваат црни сценарија, рекет и корупција, Христијан Мицкоски и ние во ВМРО-ДПМНЕ заедно со коалицијата размислувавме како да направиме 1000 проекти, како да има индустриска зона во Куманово, како да продолжат експресните патишта, како да има поголеми пензии, како да има поголеми плати, но овој пат вие одлучувате. одлучувате бидејќи може да биде доцна. Народе разбуди се, Обновата доаѓа Куманово ќе биде предводник на победата јас знам дека ќе биде овие прекрасни луѓе ќе ја направат победата на ВМРО-ДПМЕН а вие ќе се гордеете во наредните 4 години кој ќе ја води оваа држава, заклучи Мисајловски од Куманово.